Компанијата БАЛИЛЕЗЕ, на македонскиот простор постои  веќе 20-на години како компанија претставник на најпрестижните европски брендови, за производство на луксузни, елегантни, уметнички, шик производи во доменот на удобноста на спиењето.

Ако веќе ни е јасно дека за добро функционирање во текот на денот ни е потребен добар сон , се радуваме што сме во можност да Ви ги презентираме нашите производи, кои што ќе Ви создадат уникатен и луксузен комфорт при спиењето. 

Централно место во сите наши производи заземаат големиот избор на јорганите, перниците а се разбира и постелнината, пешкирите, бањарките, ноќниците, пижамите и кашмир шалови, кои се произведуваат со висок квалитет. Само одбрани пердуви, египетски памук и кашмир од најдобар квалитет служат како сировина за производство на овие производи, како при полнежот така и при изработка на завршната ткаенина - школка.

ПОЛНЕЖ : Најдобрите влакна од целиот свет …..

  • Најдобриот кашмир од  Хималаите….
  • Најдобрите вакна од кашмир од Монголија….
  • Најмеката свила од Јапонија…
  • Екслузивна  мерино чиста  волна од Франција…
  • Бамбус влакна....
  • Лушпи од борова шума....
  • INGEO-производ од пченка....
  • TENCEL- производ од бор....

Овој спектар  на природни влакна го сочинуваат  најдобриот природен полнеж. 
Со  најновите БИО  активни влакна, кои што нудат 100% чист ,природен производ со одлични карактеристики. Последно, но не и најмалку важно напредни  SOFTBAUSCH i VITASAN – високо технолошки влакна, коишто имаат посебни хигиенски и алергиски заштитни функции.  При изработка на јорганите и перниците, за секој полнеж се користи индивидуално одбрано штеповање. И тоа овозможува стабилност на полнежот и дава заштита од ладниот надворешен воздух. 

BodiFit - штеповањето  е дизајнирано да одговара на телото и дава неспоредлива прегратка и топлина.